Жестоки израелски напади врз Газа, погодени бегалски кампови, ОН испрати предупредување

Жестоки-израелски-напади-врз-Газа-погодени-бегалски-кампови-ОН-испрати.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на канцеларијата за човекови права на ОН, Сеиф Маганго, рече дека агенцијата е „сериозно загрижена“ од континуираното израелско бомбардирање на централниот дел на Појасот Газа. Од 24 декември само во два бегалски кампа се убиени 137 лица, соопшти канцеларијата, повикувајќи се на информации од хуманитарната организација Лекари без граници.



„Посебно е загрижувачки што ова последно силно бомбардирање доаѓа откако израелските сили им наредија на жителите од јужниот дел на Вади Газа да се преселат во централна Газа и Тал ал-Султан во Рафах“, рече тој.

„На 24 и 25 декември израелските воздухопловни сили, наводно, извршиле повеќе од 50 напади низ Газа, вклучително и три бегалски кампови, Ал Буриџ, Ал Нусејрат и Ал Магази“. Сите патишта меѓу камповите се уништени, што ја влошува и онака катастрофалната состојба кога станува збор за дистрибуција на храна.

Канцеларијата за човекови права на ОН потсети дека израелските сили мора да направат се за да не им наштетат на цивилите, за да се усогласат со меѓународното хуманитарно право. „Предупредувањата и наредбите за евакуација не ги ослободуваат од целиот опсег на нивните обврски според меѓународното хуманитарно право“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK