Тренчевска: Насилството е се повеќе пријавувано, продолжуваме со силна поддршка на граѓански организации во негова превенција

Тренчевска-Насилството-е-се-повеќе-пријавувано-продолжуваме-со-силна-поддршка.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Гордана Силјановска Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички, Даниела Димитриевска, извршна директорка на Македонското женско лоби и Лилјана Поповска, член на извршниот одбор на Европското женско лоби и поранешна пратеничка се обратија на конференцијата „Превенција и заштита од насилство врз жените и девојчињата. Регулатива, имплементација и реалност“.



Тренчевска во своето обраќање зборуваше за моменталната ситуација во државата во делот на свеста на населението за насилството и актите на насилство. Таа истакна дека државата со спроведувањето на законите бележи напредок во делот на ова прашање, насилството е се повеќе пријавувано и таа истакна дека дополнително кон тоа придонесува и извештајот „ГРЕВИО“.

„Како држава го подготвивме првиот иницијален извештај за спроведување на Истанбулската конвенција и истиот е доставен до „ГРЕВИО“ мониторинг телото и скоро треба да ги добиеме препораките за понатамошно унапредување на одговорот во справувањето со родово базираното насилство. Истите ќе бидат адресирани во Новата Стратегија за справување со насилството врз жените и семејното насилство која треба да се подготви во наредниот период“ рече Тренчевска.

Таа по истакнувањето на заложбите на институциите посочи дека нејзина цел ќе остане поддршката на невладиниот и граѓанскиот сектор затоа што според неа токму тие ја менуваат општествената свест.

Посочи дека само со заеднички пристап ќе може да се дојде до напредок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK