Акушерка во текот на испис на новороденче на ГАК ненамерно пресекла мал дел од палецот на бебето, објави Министерството за здравство.
Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата, информираа од Министерството.
„Акушерката била суспендирана, дадена на Дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место“, велат од здравство.