Мајката и децата имале толку многу убодни рани што полицијата не можела да го утврди бројот – детали за масакрот во Франција

Мајката-и-децата-имале-толку-многу-убодни-рани-што-полицијата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Француската полиција уапси маж осомничен за убиство на сопругата и четирите деца во напад со нож утрото на Божиќ, соопшти јавниот обвинител.



Нивните тела беа пронајдени во понеделникот вечерта во крвав стан во градот Мо – 40 километри североисточно од Париз. Децата биле на возраст од девет месеци до 10 години. Соседите им кажале на инспекторите дека слушнале вресоци во раните утрински часови на Божиќ. Алармирале во текот на денот, откако не добиле никаков одговор од семејството.

Локалниот обвинител, Жан Батист Бладиер, изјави дека мајката и двете ќерки биле толку многу избодени што било невозможно да се утврди бројот на убодните рани. Двајцата помали сина се чини дека починале од задушување или давење.

Полицијата го приведе 33-годишниот татко на децата во понеделникот вечерта во блискиот град Севран. Осомничениот моментално е хоспитализиран во установа во Сена-Сен Дени под полициски надзор бидејќи бил повреден при бегството, изјави обвинителот. Тој се уште не е сослушан, но според неговите први изјави по апсењето, тој рекол дека знае зошто е уапсен.

33-годишниот маж, роден во Коломбе, по професија е водоинсталатер и од претходно и е познат на полицијата по дела на семејно насилство и сериозни психијатриски нарушувања, беше посочено на прес-конференција.

Инспекторите пронашле медицинска документација и рецепти за антидепресиви во семејниот стан, рече обвинителот.

Тој нема криминално досие, но се гони за „насилство со нож“ врз сопругата. Тоа се случи во 2019 година, истакна обвинителот.

На рочиштето во ноември 2019 година, жртвата одби да поднесе обвинение. Таа „ја спомна долготрајната депресивна состојба на нејзиниот партнер“, кој, според неа, „пред извесно време го прекинал лекувањето“ и тврдеше дека добила „само шамар“. Постапката беше прекината.

Обвинителот отвори истрага за убиствата. Отворена е истрага „поради намерно убиство на малолетници помлади од 15 години и намерно убиство на брачен другар“.

„Казната е доживотен затвор“, прецизира Жан Батист Бладиер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK