Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, седум мерки за користење мобилен телефон при возење.