Портпаролот на американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека Соединетите Американски Држави го поздравуваат фактот што е лоциран затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални, но посочи дека Вашингтон е загрижен за неговата состојба.
Стејт департментот додаде дека е неопходно Навални веднаш да биде ослободен, пренесува Ројтерс.
„Го поздравуваме фактот што Навални е лоциран. Сепак, остануваме длабоко загрижени за неговата состојба“, рече портпаролот на Стејт департментот.