Мицкоски: Сплотени и заеднички да го промениме безнадежното секојдневие и да создадеме иднина и земја на среќни граѓани

Мицкоски-Да-го-следиме-аманетот-на-Свети-Климент-Охридски-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за католичкиот Божиќ:


„Од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од христијанска вероисповед кои се раководат според грегоријанскиот календар да Ви го честитам големиот христијански празник Божиќ.

Нека најсветлиот празник Божиќ ви донесе мир и спокој и ги исполни вашите домови со радост. На овој ден кој означува раѓање на надеж за подобра иднина да ги споделуваме христијански вредности како почитта и хуманоста и заедно да си помагаме.

Токму надежта за подобро утре е тоа што не води отсекогаш и затоа е важно да бидеме сплотени и заедно да работиме за да ја создадеме подобар живот и иднина за нас и за нашите деца.

Тоа е многу важно затоа што живееме во едно тешко време со сиромаштија и безнадежност. Затоа во духот на денешниот ден треба да работиме тоа да го промениме. Сите обединети и заеднички да работиме да се смени секојдневието на подобро. Само сплотени, со почит и разбирање можеме да создадеме дела кои ќе ги остават позади нас несигурноста и безнадежноста, а ќе донесат успех, подобар живот и иднина во која веруваме. Македонија мора да стане земја на среќни граѓани“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK