Официјални лица и поддржувачи на листата „Србија против насилството“ вечерва го разбија влезот на Градското собрание на Белград.
Како што јавуваат српските меидуми, со рачка за знаме е скршен влезот во зградата.
На снимките се слуша „Отвори, отвори“.
Во Србија веќе неколку денови има протести поради обвинувањата на опозицијата за изборна кражба.
Студентите кои протестираа побараа од претседателот на Србија Александар Вучиќ до денеска да ги исполни нивните барања и порачаа дека во спротивно во понеделник ќе го блокираат цел Белград.