(Видео) Интер лесно со Лече, победа запиша и Верона

Видео-Интер-лесно-со-Лече-победа-запиша-и-Верона.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA



Фудбалерите на Интер и Верона, во терминот од 18 часот, ги совладаа своите противници Лече и Каљари со 2:0.

Интер до триумфот стигнаа благодарение на головите на Јан Бишек во 43. минута и Николо Барела во 78. минута.

Брилијантна беше акцијата на Интер кај вториот гол кога Марко Арнаутовиќ со еден потег ја измами целата одбрана на гостите, па на Барела не му беше тешко да ја запечати победата на домашните.

Во 83. минута Лече остана со десетмина на теренот, бидејќи Ламек Банда доби црвен картон.

Интер го држи првото место на табелата со 44 бодови, додека Лече беше првпат поразен по пет одиграни натпревари и моментално е 12-ти со 20 бодови.

Во истиот период Верона го совлада Каљари со 2:0. Водечкиот гол го постигна Сирил Нгонге во 53. минута.

Една минута пред голот тимот од Сардинија остана без Антоан Макумбу, кој заработи втор жолт картон. Победата на Верона ја потврди Милан Ѓуриќ во 90. минута.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK