Серијата „Тома“ – приказна за една душа ексклузивно на Суперстар

MTEL 23.12 MOVE serija TOMA-post
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ако сте фан на филмот, никако не смеете да ја пропуштите серијата „Тома“ која ексклузивно почнува да се прикажува на филмскиот канал Суперстар од 23 декември.

Замислена како импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, серијата „Тома“ ни ги прикажува самите неговите почетоци, врвот на славата, неговата љубови кои го инспирирале да ги компонира некои од неговите најголеми хитови, но и односот со голем број пријатели кои ги имал во тогашното уметничко милје во тогашна Југославија.


Покрај Тома, низ серијата ги следиме и животите на познатите уметници од тоа време како Зораn Радмиловиќ, Мика Антиќ, Тозовац и други.

„Тома“ е биографска серија за Тома Здравковиќ, човек кој го паметиме не само по неговите песни и начинот на кој ги изведуваше, туку и како еден голем боем – во однесувањето и во душа.

Серијата следи две дејствија: 1991 година го следиме односот на Тома со докторот кој почнува да го лекува и како тоа познанство се претвора во пријателство. Втората линија го следи животот на Тома од детството во Печењевице, преку познанството со Силвана Арменулиќ која пресудно ќе влијае на неговата кариера, но и на приватниот живот, постигнување невидена популарност, но и дното на животот.

Серијата „Тома“ е повеќе од приказна за еден човек, тоа е приказна за една душа, душа боемска раскажана во осум епизоди полни емоции, песна, музика.

Суперстар каналите се дел од понуда на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ преку пакетите за стриминг платформата Move TV или сателитската телевизија mSAT TV.

Повеќе информации за како да уживате во ексклузивните содржини на Суперстар каналите може да дознаете на mtel.mk.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK