(Видео) Стоилковски: Спасовски да одговори како синот на командант Баци бега од куќен притвор

Видео-Стоилковски-Спасовски-да-одговори-како-синот-на-командант-Баци.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Оливер Спасовски на следното појавување во јавност нека одговори каде е лицето Наим Самиу од тетовско Шемшово, син на познатиот командант Баци, којшто треба да е во притвор, рече на денешната прес-конференција Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.



„Спасовски при себепромоциите нека истакне како лице во домашен притвор за две дела, со решение за затворски притвор за трето дело, едноставно – си оди, бега, и го нема. Дали е можно Наим Самиу да ја напуштил државата, дали е можно да имал помош од МВР, дали зад сето стојат врските на СДС со неговиот татко познат како командант Баци? Наим Самиу бил во куќен притвор заради дрога кокаин, како и со мерка заради семејно насилство, кога на 13-ти месецов повторно е пријавен за семејно насилство“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнува дека на 15-ти месецов полиција го спроведува до суд за трето кривично дело. Истиот ден се готви решение за активен притвор наместо куќен. Полицијата го враќа дома, а веќе следното утро, на 16-ти полицијата не го наоѓа дома за да го спроведе во истражен затвор.

„Срамно е тоа што се случува. Се’ упатува на тоа дека човекот е вратен – за да замине. Зошто не е задржан во судот, зошто не е испратен директно во истражен затвор, зошто немало обезбедување за да не избега, дали зад тоа стојат врските на СДС со командант Баци, татко на избеганиот, тоа се прашања за коишто веројатно ќе има одговор после изборите“, додава Стоилковски.

Според него, се додека ДУИ и СДС се на власт, а Оливер Спасовски на чело на полицијата, криминалците прават што си сакаат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK