Кошаркарите на Детроит изминатата ноќ го забележаа 25. последователен пораз во НБА лигата.
На домашен терен загубија од Јута Џез со резултат 119:111.
Со тоа Пистонси направија уште еден чекор кон најлошата серија на порази во историјата на НБА, кое моментално го држат Филаделфија и Кливленд со по 26 последователни неуспеси.
Тоа се однесува на порази во истата сезона, додека Филаделфија се апсолутни лидери со 28 порази во низа. Таа серија започна во сезоната 2014/15, а продолжи и во следната.
Колку е тешка ситуацијата во Детроит сведочат и скандирањата против сопственикот Том Грос, кому навивачите му порачаа да го продаде тимот.
Покрај очајниот Детроит, ноќта во НБА ја обележаа и кошаркарите на Оклахома сити Тандер. Тие ја прекинаа низата од девет победи во кја беа кошаркарите на ЛА Клиперс.
Најдобар во победата на Оклахома беше Шеј Гилџис-Александер со 31 поен, осум скока и четири асистенции, дебитантот Чет Холмгрен забележа 23 поени, шест скока и седум асистенции.
Кај Клиперс најефикасен беше Џејмс Харден со 23 поени, девет скока и шест асистенции, а го следеше Пол Џорџ со 22 поени и четири скока и асистенции.
НБА, резултати
Детроит – Јута 111:119
Кливленд – Њу Орлеанс 104:123
Чикаго – Сан Антонио 114:95
Мемфис – Индијана 116:103
Милвоки – Орландо 118:114
Оклахома – ЛА Клиперс 134:115
Минесота – ЛА Лејкерс 118:111
Портланд – Вашингтон 117:118