Пејачката и актерка Џенифер Лопез привлекува внимание каде и да се појави, а нејзиниот изглед често се коментира.
Таа сега ги воодушеви сите позирајќи во едноставен, но впечатлив фустан.
Станува збор за црвен модел прилепен за телото. Кројот е едноставен и околу вратот има ролка, со интересна машна.
View this post on Instagram
Џенифер ја разби монотонијата со дискретни обетки, а коментарите не престануваа да се нижат под објавата.
„Преубава“, „Црвено за радост“, „Ти си божица“, „Еден од подобрите модни изгледи“, се само дел од коментарите на ова нејзино издание.