(Видео) Јаневска: Потценувачки е односот на власта која дава 1.200 денари месечно за учениците, со што не може да се плати ниту месечната ужинка

Видео-Јаневска-Потценувачки-е-односот-на-власта-која-дава-1200.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на ДУИ и СДС ги претвори училиштата во социјални служби.



Оценува дека тие наместо да се бават со својата основна дејност, воспитување и образование на ученици, се бават со социјална работа.

Ова, според неа, е уште еден од катастрофалните ефекти на оваа Влада која со т.н. помош всушност поткуп на граѓаните, предизборен поткуп на граѓаните, својата обврска ја додели на училиштата.

„Со последниот допис од министерството за образование и наука, Владата ги задолжи училиштата да собираат бројни документи за социјалната помош на учениците кои се во социјален ризик наместо да си ја извршуваат својата основна работа. Тие прибираат имиња, презимиња, матични броеви, банкарски сметки, потврди за висина на плата и бројни други, наместо да заведуваат оценки, да доиспрашуваат, да пишуваат извештаи за дополнителна работа, за вон наставни активности и се друго што спаѓа во нивниот делокруг.

Затоа, бидејќи ова се случува на штета на образованието, апелираме веднаш во овој момент министерството за образование и наука да си ја преземе обврската и да си ја спроведе процедурата. Уште пострашно затоа што од ден на ден ги менува документите кои семејствата треба да ги достават и училиштата доколку и направиле некаков ред сега се наоѓаат во безредие“, потенцира Јаневска.

Оценува дека Владата на ДУИ и СДС праќа три пораки на населението за кои нивнатат партија веќе со години зборува.

„Првата порака е дека не престанува и постојано го врши предизборниот поткуп на населението.

Втората порака е дека ги потценува родителите на учениците со доделување на 1.200 денари помош од месец декември до денот на изборите. Средства со кои родителите не можат да ја платат ни училишната ужинка на децата.

Трето и најважно, тие сами кажаа дека оваа т.н. помош односно предизборен поткуп ќе ги примат 100.0000 ученици, што е речиси половина од вкупниот број на ученици што значи дека 100.000 семејства, соученици припаѓаат на групата сиромашни или семејства во социјален ризик.

Но, ова нема уште долго да трае, ова ќе се промени“, вели Јаневска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK