(Видео) Големо невреме во Англија: има повредени а училиштата се затворени

Видео-Големо-невреме-во-Англија-има-повредени-а-училиштата-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На островот Шетланд училиштата се затворени како мерка на претпазливост, а се очекуваат големи проблеми во водениот сообраќај. Откажани се бројни возови, а откажани се и многу летови, а сето тоа поради неповолните временски услови.


Обединетото Кралство е под влијание на бурата „Пиа“. Во поголем дел од земјата е активиран жолт метео аларм, и се очекува ветер до 130 км/ч.

Во поголемиот дел од земјата се очекуваат удари на ветер и до 100 км/ч. Најсилни влијанија се очекуваат во Шкотска и северна Англија.

Полицијата и другите служби имаат полни раце работа. Дрво паднало врз автомобил кај Ковентри и возачот е повреден, проблеми во сообраќајот има и во Северна Ирска.

Надлежните ги предупредија граѓаните да ја следат временската прогноза и да се подготват пред да заминат на патување.

„Многу луѓе патуваат за празниците, ги советуваме пред да заминат на патување дефинитивно да ја проверат прогнозата“, велат метеоролозите.

Од британската метеоролошка служба најавија и дека очекуваат бел Божиќ. Снег треба да има, но не премногу, велат надлежните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK