Германија ќе ја погоди силен ураган „Золтан“ во пресрет на Божиќ

Германија-ќе-ја-погоди-силен-ураган-„Золтан-во-пресрет-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германија ќе ја погоди силен ураган „Золтан“ во пресрет на Божиќ, соопшти германската метеоролошка служба. Се очекува екстремно силен ветер, поради што се стравува од откорнати дрвја и оштетени покриви, пишува „Феникс Магазин“.


На брегот на Северното Море првите врнежи ќе ги почувствуваат веќе во четврток наутро. Потоа ветерот ќе се засили, а во четврток попладне се очекуваат ветрови со ураганска сила. До вечерта бурата треба да ја зафати цела Германија.

Урагански ветрови ќе дуваат на брегот на Северното и Балтичкото Море, а ќе има и врнежи или силно невреме низ целата земја, известува германската метеоролошка служба.

На брегот на Северното Море во петок се очекуваат удари на ветер од 130 км/ч, а на Алпите дури 140 км/ч.

Во петок ветерот ќе попушти, но ќе остане ветровито.

„Иако во сабота се уште ќе биде ветровито до невреме, ураганот ќе ослабне. Тоа значи дека во сабота нема да има повеќе екстремни налети на ветер“, велат метеоролозите.

Можни проблеми ќе има и во железничкиот сообраќај, а испораката на пакети може да доцни поради тешките услови. Властите во Германија ги советуваат граѓаните да ја следат временската прогноза пред да тргнат на патување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK