Францускиот министер за здравство поднесе оставка поради контроверзен закон

Францускиот-министер-за-здравство-поднесе-оставка-поради-контроверзен-закон.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот министер за здравство Орелиен Русо потврди дека поднел оставка од таа функција, а денеска не присуствуваше на состанокот на Советот на министри на Франција.



Како што пренесува „Фигаро“, Русо се одлучил на тој потег во знак на протест што Франција го усвои контроверзниот закон за миграција, со што воведе поостри мерки против мигрантите, вклучително и намалување на социјалните бенефиции.

Острите мерки против мигрантите предизвикаа незадоволство и кај некои левичарски пратеници од Преродбата, партијата на францускиот претседател Емануел Макрон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK