Стевчо Јакимовски ја призна својата неспособност со тоа што е единствен градоначалник во светот кој бара да му се одземат ингеренциите за да му помине криминална зделка, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изнесените ставови на градоначалникот на општина Карпопш на фејсбук.
Стевчо Јакимовски, како што велат од партијата на Мицкоски, е единствениот градоначалник во светот кој за ќар на инвеститор е спремен да ја упропасти сопствената општина.
„Јакимовски јасно да каже дали од Ковачевски барал одземање на ингеренциите за да може без одлука на Совет, со одлука на Влада да се направи бетонизацијата од 600 милиони евра?
СДС и Ковачевски слабо го подготвиле Јакимовски, кој не се откажува од криминалниот план, па наместо конкретни одговори навредува и клевети. Наместо да замајува јавност, нека каже за колку го продава Карпош“, се истакнува во нивното соопштение.