Путин: Обидите на странските служби за дестабилизација на Русија мора да се потиснат

Путин-Обидите-на-странските-служби-за-дестабилизација-на-Русија-мора.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека обидите на странските разузнавачки служби за, како што наведе, дестабилизирање на општествено-политичката ситуација во Русија мора да бидат потиснати.


„Обидите на странските разузнавачки служби да ја дестабилизираат општествено-политичката ситуација во Русија, да го поткопаат граѓанскиот мир и меѓуетничката хармонија, да се мешаат во нашите внатрешни работи и да го нарушат сувереното, непоколебливо право на народот на Русија да ја одреди својата иднина мора сериозно да се потиснат“, рече Путин во видео обраќањето по повод Денот на безбедносните тела на Руската Федерација, пренесува РИА Новости.

Тој наведе дека Украина, со директна поддршка на странски разузнавачки служби, тргнала на патот на државниот тероризам за саботажа на цивилни објекти и извршување терористички напади врз цивили и јавни личности.

„Неопходно е да се зајакне антитерористичката работа во сите области, да се користат широк спектар на технички и оперативни можности на нашите специјални служби и активно да се соработува со Министерството за одбрана и другите власти“, рече рускиот претседател.

Путин посочи дека заштитата на државните граници бара посебно внимание, „особено на оние области кои се наоѓаат во непосредна близина на линијата на поделба“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK