(Видео) Активиран вулкан во Исланд, снимен моментот на ерупција

Видео-Активиран-вулкан-во-Исланд-снимен-моментот-на-ерупција.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вулкан во југозападен Исланд еруптираше вчера по неколку недели интензивна сеизмичка активност, соопшти државната метеоролошка служба.


Властите евакуираа речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања Сина лагуна на островот Рејкјанес.

„Предупредување: Ерупцијата започна северно од Гриндавик во близина на Хагафел“, објави Метеоролошката канцеларија на својата веб-страница.

На снимките и во директните преноси на локалната новинска агенција РУВ се гледа како излегува лава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK