Милер останува во Баерн

Милер-останува-во-Баерн.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Баерн, Томас Милер се согласил да го продолжи договорот со минхенскиот клуб до 30 јуни 2025 година, пишува германски Билд.


Милер има договор со Баерн до крајот на сезоната, а германските медиуми тврдат дека искусниот фудбалер се согласил да ја продолжи соработката со шампионот во Бундеслигата.

Германските медиуми пренесуваат дека со Милер разговарал и тренерот на Баерн, Томас Тухел, кој на искусниот напаѓач му рекол дека би сакал да го продолжи договорот со клубот од Минхен.

Милер (34) е член на Баерн од 2000 година, а за тимот од Минхен одигра 684 натпревари и постигна 237 голови. Со Баерн освои 32 трофеи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK