Јаревски: Карпош од најзелена општина во Скопје сакаат да го претворат во бетонска џунгла за 600 милионски бизнис кај Алумина

Јаревски-Карпош-од-најзелена-општина-во-Скопје-сакаат-да-го.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







СДС и ДУИ со намера Карпош од најзелена општина во Скопје сакаат да го претворат во бетонска џунгла за 600 милионски бизнис кај Алумина, изјави пратеникот, Тони Јаревски, на прес-конференција.

Како што рече, ДУП-от кој СДС и ДУИ го туркаат преку Стевчо Јакимовски не води сметка за граѓаните, туку за нивниот личен и интересот на Пуцко Петрол. За СДС и ДУИ нема доволно висока цена која граѓаните ќе ја платат, вели Јаревски, а која би ги спречила во обидот за бетонизација, единствена цена која ги интересира е цената на метар квадратен.

„Колку повисоко и полуксузно, толку подобро за СДС и ДУИ, за нив нема никакво значење што Карпош се блокира инфраструктурно и се отежнува сообраќајот во Скопје, важен е само профитот. За 600 милиони евра бизнис, Стевчо Јакимовски им е впрегнат па држи пресконференции и во недела на кои нема ниту еден аргумент за ДУП-от, туку само кажа колку е неуспешен. Дека ДУП-от кај Алумина е единствено за бенефит на СДС, ДУИ и Пуцко Петрол како инвеститор знае и Стевчо Јакимовски, но очигледно мотивацијата да го протурка му е многу голема, па решил да се вплеткува во небулози. Политичкиот пазар на СДС и ДУИ сите го знаат, прашање е која е добивката за Стевчо Јакимовски за истиот наместо градоначалник да глуми портпарол на инвеститорот?“, рече Јаревски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK