Од медиумите гледам дека Спасовски заминал во посета на Естонија, па кога е веќе таму нека праша како соодветните институции во државите членки на ЕУ постапуваат кога имаат пријава за исчезнато лице?, пишува на социјалните мрежи, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Во меѓувреме, јавно го прашувам Спасовски дали во МВР има било каков акт со кој се уредува оваа материја? Правилник или било што каде што е пропишано како, кој и на кој начин треба да постапува, што е потребно да се превземе кога има исчезнато лице?
Доколку има, дали е постапено согласно потребното во случајот со малата Вања и Панче?“, праша Јанушев.