Викендов настанот на познатата виенска локација беше се’ освен мирен. Во центарот на вниманието бил поранешниот лидер на Слободарската партија на Австрија (ФПО) Хајнц Кристијан Штрахе, кој се степал.
Како што пишува Heute.at, Штрахе повторно се најде на насловните страници на медиумите, но овојпат не се работи за политички активности и таканаречената „афера Ибица“ туку за тепачка во познат тренди клуб во Виена.
Како што може да се види од краткото видео, Штрахе се скарал со еден од обезбедувачите. Одеднаш почнал да му приоѓа на непознатиот маж, додека друг го држел политичарот. Поранешниот вицеканцелар, кој во еден момент дури и падна, тоа не го трпи и го напаѓа противникот. Тој попушта и Штрахе повторно удира. Потоа настана метеж и се гледаат мажи кои се обидуваат да го смират видно пијаниот политичар и да го задржат, пишува Heute.at.
Како што може да се види од објавата на „Фејсбук“ профилот на Штрахе, политичарот бил поканет да зборува на настан за инвеститори во хотелот „Парк Хајат“ во Виена во петокот вечерта со, меѓу другите, и украински претприемачи.
Групата потоа отишла во блискиот клуб. Според информациите, Штрахе таму славел во добро расположение до раните утрински часови. Околу 3 часот по полноќ, Штрахе заспал додека седел во делот за ВИП.
Кога обезбедувањето се обидело да го разбуди, Штрахе се исплашил и, според очевидците, панично се дезориентирал и затоа го нападнал обезбедувањето. Следела груба расправија: му требало малку време на раздразливиот поранешен лидер на ФПО повторно да се смири.
Додека инцидентот го потврдија повеќе извори, самиот Штрахе се уште не ги коментирал наводите за тепачката. Тој засега ги остави барањата за коментар неодговорени, според Heute.at.
Хајнц Кристијан Штрахе беше на чело на ФПО од 2005 до 2019 година, како и заменик-канцелар на Австрија од декември 2017 до мај 2019 година, кога поднесе оставка по аферата Ибица.