Градоначалникот Александар Стојкоски на социјалните мрежи објави фотографии од новогодишното украсување на општината.
„Илјадници сијалички блеснаа во реонскиот парк во нашата општина, ја имаме најубавата новогодишна куќичка, а дечињата можат одблиску да го видат и Снешко“, напиша Стојкоски на Фејсбук.
„Среќата на дечињата е најважното нешто во пресрет на Новата Година, а воедно нашите сожители ќе имаат можност да уживаат во преубавиот амбиент и да го посетат новогодишниот базар пред новиот трговски центар КMALL“, додаде Стојкоски.