Тренерот на Надал е исплашен: „Тој е на вистинскиот пат, само треба да продолжи чекор по чекор“

Тренерот-на-Надал-е-исплашен-„Тој-е-на-вистинскиот-пат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тенисерот Рафаел Надал го заврши првиот дел од подготовките пред враќањето на теренот и почетокот на новата сезона.


Неговиот тренер, Карлос Моја, е свесен дека најтешко ќе биде да се оди од тренинг на натпревари. Рафа ја пропушти речиси цела 2023 година, поради повреда се повлече од Австралија опен, летово го оперираше колкот, а опоравувањето беше тешко и долго.

„Би се исплашил ако утре започне Австралија опен. Мислам дека најмногу се плашам од тоа како Рафа ќе премине од тренинг на натпревари“, изјави Карлос Моја.

Рафаел Надал се соочува со сериозни предизвици, особено на грен слем турнирите, бидејќи може да игра натпревари од пет сета со само еден ден одмор помеѓу настаните.

„Невозможно е на тренинзите да имаме исти услови како на натпреварите. Играте пет сета, победи, одморете се, по два дена вратете се на теренот. Сега размислувам за тоа, особено поради Грен слемовите. Но, има време. До турнирот во Мелбурн останува уште еден месец, а претходно ќе игра во Бризбејн. Тој е на вистинскиот пат, само треба да продолжи чекор по чекор. Треба да игра натпревари и да си го врати ритамот“.

Надал е голем борец, па Моја истакнува дека е способен за се и покрај тоа што една година не е на теренот.

„До Ролан Гарос има уште шест месеци и има многу проблеми кои треба да се решат. Но, омилениот турнир го чека со голем оптимизам. Ништо не може да ме изненади кога е во прашање Надал. Секогаш е способен да освои кој било трофеј“.

Надал неодамна потврди дека следната сезона може да му биде последна во кариерата.

„Тој никогаш не ја изгуби својата волја. Имаше моменти кога мислев дека неговата кариера е завршена. Понекогаш нашата најважна улога беше да го успориме на тренинзите, да му го ограничиме времето за тренирање. Кога Рафа беше опериран летово и стана јасно колку е тешка ситуацијата, сфативме дека проблемот е поделикатен отколку што мислевме. Поради се што се случуваше ситуацијата со неговата повреда не беше јасна и затоа опоравувањето беше тешко и долго. Никој не е сигурен дали би можел повторно да игра доколку не се оперира“, јасен беше Моја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK