Три лица загинаа кога мал авион удри во далноводи во американската сојузна држава Орегон, соопшти денеска локалната полиција.
Службите за итни случаи добиле извештај за авионска несреќа со еден мотор во близина на градот Индепенденс во саботата околу 16:55 часот, пренесува АП.
Истрагата покажала дека поради падот на авионот на далноводи дошло до мал пожар и прекин на струјата во една населба.
Електричната компанија Pacific Power објави дека најмалку 375 клиенти во Индепенденс останале без струја веднаш по падот на авионот, објави Стејтсмен журнал.
Локалната полиција и Федералната управа за авијација спроведуваат независна истрага за несреќата.