Килијан Мбапе, напаѓачот на ПСЖ, за две недели ќе може слободно да преговара со кој било клуб бидејќи неговиот договор истекува во јуни 2024 година.
Гласините за неговата иднина експлодираа во последниве денови бидејќи нема вести дека ќе потпише нов договор со „светците“, а Реал внимателно ја следи ситуацијата и го чека вистинскиот момент за контранапад.
Еден од последните што проговори за ситуацијата во која се наоѓа Мбапе беше неговиот сонародник Тиери Анри.
„Да сум на местото на Килијан Мбапе, не би го напуптил Париз. Би сакал да го завршам она што го започнав“, рече тој и потоа додаде:
„Зошто да замине? Го сака ПСЖ и е од овој град, мора да го разберете тоа“, додаде Анри.
Легендарниот фудбалер на Арсенал изјави дека Мбапе бил во слична ситуација во 2022 година и дека на крајот го обновил договорот со ПСЖ.