МВР го демантира ВМРО-ДПМНЕ: И во случајот со генералниот секретар на Град Скопје е постапено по сите процедури

339806192_101759692908814_8088185994519321333_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира лагите пласирани од партијата ВМРО-ДПМНЕ за „наводно криење односно, како што велат, заташкување на пријавен случај во врска со лицето З.Г.“.


„Вистината е дека СВР Скопје постапило и за овој случај по сите процедури, како впрочем и за сите други случаи. Имено, по добиена пријава од Љ.Г. на 17.11.2023 веднаш полициски службеници излегле на местото на настанот. Љ.Г. на полициските службеници им кажала дека по вербалната расправија З.Г. се заканувал дека ќе си го одземе животот со пиштол. Од страна на полициски службеници преземени се мерки и активности и на З.Г. му бил одземен пиштолот за понатамошна постапка“, соопштува МВР.

Од Министерството апелираат до ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги и да ја вознемирува јавноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK