Вчера во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода 32-годишниот А.Ќ. и 35-годишниот А.Б., двајцата од Скопје, извести МВР.
„Тие се сомничат дека околу 19.30 часот во продажен објект во трговски центар на подрачјето на Центар физички ја нападнале вработената и одзеле неколку предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.