Перез: Блиску сме до остварување на сонот на сите навивачи на Реал

Перез-Блиску-сме-до-остварување-на-сонот-на-сите-навивачи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го одржа традиционалениот предбожиќен говор за шпанските медиуми. Меѓу другото, тој зборуваше и за реновирањето на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.


Домот на клубот беше подложен на тригодишно реновирање во вредност од 400 милиони евра. Премиерата на реновираниот стадион беше оваа сезона, во четвртото коло од Ла Лига против Хетафе.

„Денес сме на стадионот, кој влегува во последната фаза на трансформација која ќе биде точката меѓу минатото и иднината. Стадионот е резултат на визионери, како што е нашиот сакан претседател Сантијаго Бернабеу. Тоа ќе ни овозможи да продолжиме да бидеме водечки фактор во спортот, економијата и општеството.

Ова е еден од најголемите предизвици со кои се соочивме во последните децении. Денеска сме убедени дека го направивме она што ни требаше за да влеземе со ентузијазам во иднината. Трансформацијата е еден од големите настани во нашата историја, но и во историјата на Мадрид. Стадионот ќе биде многу важен за иднината на градот и заедницата. Го претвораме во еден од најголемите забавни центри во Европа.

Многу сме блиску до остварување на сонот на сите навивачи на Реал. Со овој стадион ќе останеме силна, економски стабилна институција, која е неопходна за да останеме конкурентни во предизвикувачко и сложено спортско опкружување“, рече Перез.

„Сантијаго Бернабеу“ доби подвижен покрив, големи семафори и терен кој може да се прилагоди за различни спортови, од фудбал до кошарка и тенис. На пример, на него можете да играте кошарка и тенис во исто време. Во рамките на реновирањето се изградени бројни продавници, кафулиња и хотел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK