Доживотна супензија за претседателот на Анкарагучу

Доживотна-супензија-за-претседателот-на-Анкарагучу.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на турскиот суперлигаш Анкарагучу, Фарук Коџа доживотна е исфрлен од фудбалот. Суспензијата ја доби откако во понеделникот го нокаутираше судијата Халил Умут Мелер по натпреварот против Ризеспор.


Анкарагучу и Ризеспор ремизираа 1:1, а Коџа незадоволен од арбитражата на крајот од мечот реши физички да се пресмета со главниот судија.

Судијата Халил Умут Мелер, откако доби два идари од Коџа, беше нападнат и од други лица. Тој заврши во болница, а поради инцидентот претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган донесе одлкука за привремен прекин на првенството.

Коџа кој заврши во притвор, во изјава за медиумите потврди дека поднел оставка на функцијата, а потоа го правдаше своето насилничко однесување.

„Овој инцидент беше предизвикан од погрешните одлуки на судијата и провокативното однесување. Целта ми беше вербално да реагирам на неговото судење и да му плукнам во лице. Откако му удрив шлаканица судијата стоеше околу 5-10 секунди, а потоа се фрли на земја. Веднаш ме отстранија од местото бидејќи имам проблеми со срцето“, рече Коџа.

Неколку дена по инцидентот, Фудбалскиот сојуз на Турција донесе одлука да го суспендира Коча доживотно, а тој ќе мора да плати казна во износ од 2 милиони турски лири (63.000 евра).

Исто така, Анкарагучу следните пет домашни натпревари ќе ги игра пред празни трибини.

Турската Суперлига продолжува на 19 декември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK