Рен и Виљареал, синоќа се бореа за првото место во Ф групата, во Лига Европа. Шпанскиот тим само со победа можеше да дојде до челната позиција, што на крајот и се случи. Во драматичен натпревар, Виљареал победи во Франција со 3:2.
Драмата на стадионот во Рен кулминираше во 13.минута од судиското надополнување на времето во второто полувреме.
Асињон постигна гол за 3:3, но потоа следуваше шок за сите на стадионот. По сугестијата од ВАР собата, турскиот судија Атила Караоглан го поништи голот, кој никако не беше сомнителен.
Неверојатна е причината поради која голот е поништен. Поништен е поради бизарно правило, за кое многумина не знаат, а очигледно не го знаел ниту главниот судија.
На голот му претходеше слободен удар за Рен. Енцо Ле Фи ја погоди гредата, од која топката се одби до него без да допре друг играч, по што повторно шутираше. Тоа не е дозволено, а во ВАР собата го забележаа тој важен детал, поради што беше откажано продолжението на акцијата.
Сите на стадионот, но и коментаторите останаа со прашалници во глав ите, не знаејќи зошто голот е поништен. Рен на тој начин остана без првото место во групата и со многу потежок европски пат, поради едно бизарно, непознато правило.
Рен од второто место, во Лига Европа ќе игра плеј-оф за место во осминафиналето против екипа која испадна од фазата по групи во Лигата на шампионите.
Renne’s last minute equalizer got overruled because the player that took the free kick reached the ball after it hit the crossbar before anyone else
byu/er_primo_der_rafa insoccer