Рускиот претседател, Владимир Путин, вели дека францускиот претседател Емануел Макрон ги прекинал сите врски со него, но рускиот претседател ја оставил отворена вратата за повторно воспоставување на односите.
Пред војната во Украина, Макрон се претставуваше како преговарач меѓу Западот и Русија. Францускиот претседател отпатува за Москва неколку недели пред руската инвазија, во последен обид за деескалација на тензиите, пишува „Политико“.
Фотографиите на Макрон како седи на спротивниот крај на долгата маса во Кремљ своевремено стекнаа голема популарност на социјалните мрежи.
Во четвртокот, за време на годишната прес-конференција со Владимир Путин, новинар од францускиот канал TF1 го праша за моменталната врска со Макрон.
Путин рече дека тие имале „прилично добри работни односи“ и дека „тој е подготвен за понатамошна соработка со Франција“ за билатерални и глобални прашања, а потоа додаде:
„Во еден момент францускиот претседател ја прекина врската. Ние не го направивме тоа, не бев јас. Тој го направи. Ако покаже интерес, ние сме подготвени. Ако не, ќе се снајдеме. Имаме други работи за правење“, рече Путин.