Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека земјата ја набљудува активноста на странските разузнавачки служби, нивните форми на работа стануваат се поагресивни, пренесува „РИА Новости“.
Лукашенко зборуваше во Минск на состанокот на шефовите на безбедносните агенции и разузнавачките служби на земјите од ЗНД, кои се состојат од 9 поранешни советски републики: Азербејџан, Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Русија, Таџикистан и Узбекистан.
„Ја гледаме активноста на странски разузнавачки служби на наша територија. Нивната работа станува се поагресивна. Ни праќаат не само шпиони, туку и терористи. Тие се обидуваат да создадат екстремистички ќелии со формирање одредени единици од платеници и од нашите бегалци – рече Лукашенко.
Лукашенко истакна дека „една од главните задачи на разузнавачката заедница на НАТО и нивните сојузници е распадот на постсоветскиот простор“.
„Сакаат најпрво да забијат клин во нашите вековни добрососедски односи, а потоа да не свртат еден против друг“, нагласи тој.