Со последниот судиски свиреж на натпреварите од последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, заврши една ера во елитното фудбалско натпреварување. Форматот што последен пат го видовме во средата, замина во историјата. Од следната сезона стартува новата, побогата и погламурозна Лига на шампиони.
УЕФА во последните години преговараше со најбогатите и најсилните европски клубови за новиот формат на Лигата на шампионите, стравувајќи дека тие самите ќе ја формираат Суперлигата. Клубовите побараа повеќе натпревари за да заработат повеќе, а УЕФА имизлезе во пресрет, па новата лига е прототип на Супер лигата.
Во претходниот систем имаше 32 екипи поделени во осум групи, а според новиот план ќе се игра една лига со 36 клубови.
Пред почетокот на сезоната 2024/205 клубовите ќе бидат поделени во четири квалитиативни групи. Секој клуб ќе одигра по осум натпревари. Противниците ќе бидат извлечени од различни квалитиативни групи. Секој тим ќе одигра осум натпревари, по четири на домашен и гостински терен.
Првата фаза од Лигата на шампионите ќе се игра од септември до јануари. Промената е што од 2024 година натпреварите од ова натпреварување освен во вторник и среда ќе се играат и во четврток.
Во првата фаза ќе се играат по 18 натпревари дневно наместо досегашните 16, а ќе се одиграат вкупно 180 наместо досегашните 96.
Во досегашниот формат во Лигата на шампионите се играа вкупно 125 натпревари, а во новиот сиситем ќе се одиграат 225 (180 во првата фаза, 16 плеј-оф и 29 во нокаут фазата).
Победникот ќе треба да одигра најмалку 17, а најмногу 19 натпревар. Досега победникот играше максимум 13 13 натпревари.
Првите осум клуба по десет кола одат во осминафиналето, а клубовите пласирани од 9. до 24. место ќе играат разигрување за место во осминафиналето. Европската сезона ќе биде завршена за 12-те најлоши клубови во лигата.
Нокаут фазата ќе се игра по истиот формат како и досега, а првото финале на „новата“ ЛШ ќе се одигра во Минхен.