Четворица членови на групата Хамас се уапсени под сомнение дека планирале напади врз еврејски институции во Европа, соопшти германското обвинителство.
Тројца од осомничените се приведени во Берлин, а четвртиот во Ротердам, Холандија, пренесува Ројтерс.
Сите четворица се долгогодишни членови на Хамас и се тесно поврзани со раководството на воениот огранок на групата, тврдат обвинителите.
„Мораме да направиме се што можеме за да се осигураме дека Евреите во нашата земја веќе нема да мораат да се плашат за својата безбедност“, рече германскиот министер за правда Марко Бушман.
Европските власти претходно предупредија на зголемен ризик од напади на исламистите радикализирани од војната меѓу Израел и Хамас.