Вчера полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Чаир при СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13.35 часот во населба Шуто Оризари во Скопје од страна на две малолетни лица со остар предмет му биле нанесени повреди на 14-годишник.
Повредениот малолетник е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.