Столтенберг: Постои реален ризик Путин да не застане на Украина

Видео-Столтенберг-Украина-успеа-да-врати-50-отсто-од-териториите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во случај на победа на Русија во Украина, постои „реален ризик“ рускиот претседател Владимир Путин да не застане тука, предупреди денеска во Брисел генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.


„Доколку Путин победи во Украина, постои реален ризик неговата агресија да не запре тука“, изјави Столтенберг пред новинарите, инсистирајќи на потребата да продолжи воената помош за Киев, пренесува „Бета-Франс прес“.

„Нашата поддршка не е милосрдие, тоа е инвестиција во нашата безбедност“, додаде тој.

Лидерите на ЕУ се состануваат во четврток во Брисел за да одлучат, меѓу другото, за помошта од 50 милијарди евра за Украина, на што се противи Унгарија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK