Кошаркарскиот клуб Фенербахче има нов тренер. Клубот од Истанбул експресно реагираше и на функцијата нов тренер го назначи Литванецот Шарунас Јасикевичиус.
На кормилото на тимот ќе го наследи Гркот Димитрис Итудис со кого Фенербахче вчера ја прекината соработката.
Според договорот, Јасикевичиус ќе го предводи Фенербахче до крајот на сезоната 2025/26.
Во богатата играчка кариера, Јасикевичиус, кој е роден на 5 март 1976 година, играше за Лијетувос Ритас, Унион Олимпија, Барселона, Макаби Тел Авив, Индијана, Голден Стејт, Панатинаикос, Жалгирис и Фенербахче.
Четири пати ја освои Евролигата како играч. Тренерската кариера ја започна како помошник тренер во Жалгирис во 2014 година, а две години подоцна стана тренер на литванскиот клуб.
По четири години минати во Жалгирис тој се пресели во Барселона, со која три пати учествуваше на Ф4 турнирот во Евролигата, освоидве титули во АЦБ лигата и два шпански Суперкупа.