Шефот на ОН: Луѓето во Газа се толку гладни што ги запираат камионите со помош и веднаш јадат на улица

ОН-9-од-10-луѓе-во-Газа-не-можат-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на ОН за палестинските бегалци Филип Лазарини изјави дека луѓето во Газа се толку гладни што ги запираат камионите со помош, земаат храна и веднаш ја јадат, пренесува „Ал Џезира“.


„Вака се очајни и гладни. Бев сведок на ова од прва рака. Среќаваме сè повеќе луѓе кои не јаделе еден, два или три дена“, им рече на новинарите тој.

Кажа дека ова е негова трета посета на Газа од 7 октомври и оти ситуацијата таму рапидно се влошува.

„Секогаш кога ќе се вратам, мислам дека не може да биде полошо, но секој пат гледам повеќе мизерија, повеќе тага. Газа повеќе не е место каде што можете да живеете“, рече тој.

„Во Рафах бројот на луѓе се зголеми четири пати преку ноќ. Таму недостасува инфраструктура и сите основни работи. Тоа не е место за повеќе од милион луѓе. Еден магацин е дом на 30.000 луѓе. Семејствата живеат во мали простори одделени само со ќебиња и пластични прекривки“, рече Лазарини.

Тој рече дека неговата агенција речиси нема пристап до северна Газа и дека работната средина во Газа е „сè поневозможна“. Тој додаде дека луѓето таму се чувствуваат изневерени и напуштени од меѓународната заедница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK