YES, OF CORSA! Новата Opel Corsa пристигна во Македонија

YES-OF-CORSA-Новата-Opel-Corsa-пристигна-во-Македонија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

• Македонска премиера: дружење во пријатна атмосфера со новата Opel Corsa;


• Јасна визија: Opel Corsa останува да биде еден од најпосакуваните модели на брендот, како од физичките така и од правните лица ;

 • Нов дизајн: компасот јасно ја покажува насоката кон иднината, кон која се стреми брендот, а во предниот дел новиот визор е бепсрекорно интегриран со средишно поставениот опелов „Blitz“.

Скопје. Презентација на новата Opel Corsa? Yes, of Corsa!

Новата Opel Corsa, “volume maker“ во гамата на Опел со продадени 14 милиони примероци во 6 генерации. Новиот изглед сега е помодерен и стилски, а реакциите се високо позитивни. Овој модел ги претставува сите постулати на Opel брендот:

– #Detox. Има комплетно детоксифицирана надворешност и внатрешност. Одстранети се сите „непотребни“ елементи и детали, сѐ со цел деа се добијат чисти линии, кои се манифестираат во нов и смел дизајн.

– #ModernGerman. Новата Opel Corsa зрачи со германска самоувереност и германски стил.

– #Greenovation. Во неа има вградено современи и еколошки материјали.

Од напред – сјајна црна предна маска т.н Opel визор кој ги интегрира новите предни LED светла кои се достапни дури и во стандардното ниво на орпеменост и Ве наведува да помислите дека се работи за електрична верзија. Прилагодливи LED Матрикс предни светла без отсјај, со 7 LED елементи во секој фар.

Назад – самоуверено испишано името Corsa и нов спортски заден браник.

Внатре – холистички пристап со нов интуитивен инфозабавен систем базиран на Snap Dragon Cocpit платфомата и 10“ екран, дополнет со опционалална дигитална инструмент табла од 7 инчи. Ергономски седишта, нова ткаенина и светли материјали кои ја акцентираат пространа внатрешност. Во согласност со нашето ново начело #Greenovation, употребени се вегански материјали и отстранет е хромот од употреба.

Опременост – „детоксифицирани“ нивоа на опременост, со два пристапа: Edition ниво на опременост, рафиниран со побогата сериска опрема, како: паркинг сензори назад, автоматски брисачи како и GS ниво на опременост, одважен и атлетски.

Под хаубата – бензински мотори од 75КС до 100КС. Или пак 50 KWh батерија за електричната верзија Corsa Electric, сега со подобрена автономија на движење со едно полнење до 357км или пак Corsa Electric Long со 51kWh батерија и автономија до 405км според WLTP нормите.

Вториот важен параметар за клиентите е времето на полнење…. до 80% на брз полнач за време од 30 мин или прилагодено на нашата енергетска мрежасо Wallbox, трофазен од 11KW полнењето ќе биде до 5 часа и 15 мин или кај Electric Long до 3 часа.

„Дизел моторите повеќе нема да се понудуваат и ги заменивме со самополнечки 48V хибридни верзии на нови бензиски 1.2 мотори со 100КС и 130КС кои имаат електомотор сместен во менувачот и произведува сила од 28КС и вртежен момент од 55Nm. Погонуван од литиум јонска батерија со капацитет од 432Wh, ќе има задача да го стартува возилото на ладен старт или опслужува при маневрирање на мали брзини до 30км/час. Во целосно електричен режим на возење автономојата на движењето е до 1км. Оваа 48V хибридна технологија набргу ќе ја имаме понуда и ни носи намалување на емисијата на јаглерод диоксид до 22g на 100km и 1 литар помала потрошувачка според WLTP нормите.

Со новата Opel Corsa можеме да одговориме на желбите и потребите на физичките лица но и на компаниските (B2B) побарувања.“ – изјави Драган Јовев, Продукт менаџер за Opel во Македонија.

Новата Opel Corsa e конструирана од Германските инжинери во Руселсхајм, а ќе се произведува во опеловата фабрика во Зарагоса, во Шпанија, каде овој модел од „Б“ сегментот се произведува веќе 41 година (од 1982).

ПР

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK