Во Брисел во тек е клучен состанок за Украина, Орбан се заканува, се огласи Шолц

Во-Брисел-во-тек-е-клучен-состанок-за-Украина-Орбан.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Консензус за одлуките во корист на Украина на самитот на ЕУ во Брисел би бил многу важен знак за Киев и Москва, изјави германскиот канцелар, Олаф Шолц, пред почетокот на самитот на ЕУ.


Лидерите собрани во Брисел мора едногласно да одлучат дали ќе ги отворат пристапните преговори со Украина и ќе му дадат на Киев долгорочна финансиска помош вредна до 50 милијарди евра. Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, постојано се закануваше дека ќе стави вето на овие одлуки.

„Важно е да се испрати јасен знак на поддршка. Знак упатен до храбрите граѓани на Украина кои ја бранат својата земја“, рече Шолц.

„Но, сигналот е насочен и кон рускиот претседател, кој мора да знае дека не може да смета на Европската унија и нејзините земји-членки да ја намалат поддршката за Украина“, рече германскиот канцелар.

Во пресрет на почетокот на самитот, унгарскиот премиер Виктор Орбан јасно се спротивстави на отворањето на пристапните преговори со Украина и рече дека за тоа може да се разговара само кога Киев ќе ги исполни потребните услови. Орбан се противи и на пакетот помош од 50 милијарди евра за Украина за периодот до 2027 година. Со оглед на унгарското противење на клучните одлуки за ЕУ, се очекува овој самит да трае долго.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK