МВР ги нарача налепниците со новата ознака „NМК“

МВР-ги-нарача-налепниците-со-новата-ознака-„NМК.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи ја заврши постапката за набавка на налепници со новата ознака „NМК“ за регистарските таблички.


Тендерот го доби фирмата „Квантум“ од Скопје заедно со германската компанија „ЕХА Хофман интернационал“ која ќе ги изработува табличките и налепниците. За оваа цел МВР ќе потроши 2,29 милиони евра (141,6 милиони денари) во период од три години колку што предвидува договорот за набавката.

Според договорот објавен на страната на јавни набавки компаниите кои го добија тендерот за налепниците зависно од големината за чифт понудиле цена од 25 до 35 денари без ДДВ. Се набавуваат четири вида двојни налепници според големината: Димензии 99×42 милиметри – набавна цена 35,4 денари; Димензии 85×40 милиметри цената ќе биде 41,3 денар; Димензии 53×37 милиметри по цена од 35,4 денари; Димензии 48×18 милиметри по цена од 29,4 денари.

Колкава ќе биде продажната цена на овие налепници ќе одлучи Министерството за внатрешни работи.

Освен налепниците со новото уставно име, МВР набави и регистерски таблички. Според понудата која е дадена од носителот на јавната набавка „Квантум ДООЕЛ Скопје“ пар регистарски таблици за возило чинат 637 денари со вклучен ДДВ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK