Путин одржа голема годишна прес-конференција: „Не знам зошто воопшто Украинците напаѓаат“

Путин-одржа-голема-годишна-прес-конференција-„Не-знам-зошто-воопшто-Украинците.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одговарајќи на прашања на традиционалната годишна прес-конференција, Путин рече дека целите во Украина не се променети и дека руските сили напредуваат на повеќето фронтови. Главните цели остануваат денацификацијата, демилитаризацијата и украинската неутралност, рече тој.


„Мирот ќе завладее кога ќе ги постигнеме овие цели“, додаде тој.

„Што се однесува до демилитаризацијата, ако Украинците не сакаат договор, тогаш ние сме принудени да преземеме други мерки, вклучително и воени“, продолжи Путин.

„Или ќе се договориме за одредени параметри (големината и силата на украинската армија) или ќе го решиме со сила“, предупреди тој.

Запрашан за „нов светски поредок заснован на правила“ предводен од Русија, Путин рече: „Нема такви правила, тие се менуваат од ден на ден“.

Тој додава дека руското претседателство на следниот самит на БРИКС ќе се фокусира на „праведен светски поредок“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK