(Видео) Алиша Кис ги изненади сите на железничка станица во Лондон: свиреше на пијаното на Елтон Џон

Видео-Алиша-Кис-ги-изненади-сите-на-железничка-станица-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Алиша Кис подготви неочекувано искуство за паметење за сите оние кои се најдоа на железничката станица во Лондон.


Американската кантавторка, пијанистка и продуцентка Алиша Кис одржа несекојдневен настап на специфична сцена – железничката станица Сент Панкрас во Лондон.

View this post on Instagram

A post shared by St Pancras International (@stpancrasinternational)

Добитничката на 15 Греми награди свиреше на црно пијано донирано на станицата од Сер Елтон Џон.

Алиша Кис пееше и свиреше десетина минути, а насобраната публика го фотографираше уметникот и гласно аплаудираше.

Таа ги изведе своите четири хитови „Empire State of Mind“, „If I Ain’t Got You“ и „No One“, како и песна од новиот игран филм „The Color Purple“, кој исто така беше на репертоарот на Бродвеј.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK