Манчестер јунајтед најде нов тренер?

Манчестер-јунајтед-најде-нов-тренер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јунајтед испадна од Европа во вторникот откако заврши зад Баерн, Копенхаген и Галатасарај. На Јунајтед не му оди ништо подобро ниту во Премиер лигата. По 16 кола заостануваат десет бода зад првопласираниот Ливерпул, а претходно беа елиминирани од Лига купот од Њукасл. Играта на Јунајтед е лоша, а холандскиот тренер е главниот виновник за неуспесите.



Англиските медиуми излегоа со информација дека негов наследник би можел да биде Грем Потер (48). Станува збор за поранешниот тренер на Брајтон, кој го водеше тој клуб три години. По добрата работа во Брајтон, Потер го презеде Челзи во септември минатата година, но во Лондон остана до април.

На клупата на Челзи имаше учинок од 12 победи, осум нерешени и 11 порази во 31 натпревар, а потоа доби отказ.

Потер во Јунајтед го бара Сер Џим Ретклиф, британски милијардер на кого сегашните мнозински сопственици, браќата Глејзер, би можеле да му продадат 25 отсто од клупските акции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK