Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 251 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 130 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум мерки за користење на мобилен телефон, шест санкции за управување под дејство на алкохол…, извести МВР
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.