Пронајдени четири неексплодирани рачни бомби во село Габрово

lenta-policiska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера во 13.10 часот во СВР Штип 66-годишниот М.Д. од село Габрово, делчевско пријавил дека во неговата стара куќа во распаѓање во село Габрово во ѕидот пронашол четири неексплодирани рачни бомби, извести МВР.

Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Делчево во содејство со пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и неексплодираните рачни бомби биле подигнати и пренесени во Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK