ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 56-годишниот Д.С. од кичевското село Осој, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, извести МВР.
„Тој, на 10.12.2023 околу 14 часот во шумски појас во атарот на кичевското село Бигор Доленци, при лов, од ловечка пушка испукал и го погодил Д.Ј.(40) од истото село, по што Д.Ј. починал“, соопшти МВР.